Вест хем немаше сила за изненадување: Ливерпул триумфално се враќа од Лондон (ВИДЕО)

Ливерпул ја продолжи својата страшна серија во Премиерлигата, па триумфираше и против Вест хем на гостување со 2-0 и така му избега на Манчестер сити на 19 бодови.

Мохамед Салах во 35. минута го отвори резултатот од пенал, по што Окслејд-Чемберлејн во 52. минута ги постави конечните 2-0.

Вест хем имаше неколку шанси, но немаше сила за да направи иненадување против европскиот шампион.

Ливерпул е прв на табелата со 70 бодови по 24 одигрнаи кола, Сити има 51, трет е Лестер со 48, додека во топ-4 е уште и Челси со 40 бодови.