Вернер откри зошто го избрал Челси

Германскиот напаѓач Тимо Вернер тврди дека Челси  не го избрал поради парите, откако во претходните денови медиумите пишуваа за такво нешто.

Вернер ова лето договор трансфер од Лајпциг во Челси и вели дека се води според спортски мотиви.

„Имаше неколку важни клубови кои се бореаза мене. Целосната понуда на Челси беше најдобра за мене, мојот начин на игра и кариерата. Парите немаат никаква улога. Ако сакав, можев да одам во Кина“, објасни Вернер.

Вернер со 28 голови ја заврши Бундеслигата како најдобар стрелец на Лајпциг.