Вечниот Адуриз потпиша нов договор

Иако ќе влезе во петата деценија од животот, Аритз Адуриз се уште не планира „да ги закачи копачките на клинец“. Искусниот напаѓач ќе остане уште една сезона во редовите на Атлетик Билбао, затоа што денес го продолжи договорот со клубот. Ова ќе му биде дури 12. сезона во дресот на клубот од Баскија.

Адуриз е шести најдобар стрелец во историјата на клубот со 171 погодок, пред него е Ирагори со 179, Гороситзе со 196, Дани со 199, Бате со 208 и Заре со 335 постигнати погодоци. Тој во кариерата настапуваше за Бургос, Ваљадолид, Маљорка и Валенсија, но дури во три наврати се враќаше во својот Атлетик Билбао.