Важни три бода за Фиорентина - го урна одличниот Комо на гости! (ВИДЕО)
Гостите од Фиренца не беа подобар противник од избраниците на Фабрегас бидејќи во најголем дел гледавме рамноправна битка, меѓутоа ги искористија своите шанси.
Поранешниот фудбалер на Јувентус Николо Фаџоли го отвори резултатот во 26. минута и тоа беше единствениот гол во првото полувреме. Во вториот Кин од пенал се погрижи за 2-0.
Комо до крајот во 77. минута дојде до 2-1 со автоголот на Париси, меѓутоа немаа сили да го избегнат поразот. Треба да се каже и дека нешто претходно поради бурни протесети на трибините беше испратен тренерот на Фиорентина Паоло Ваноли.