Ван Нистелрој: Би сакал еден ден да бидам главен тренер на Јунајтед
Ван Нистелрој за последен пат ќе ги предводи „ѓаволите“ в недела од 15 часот против Лестер сити, по што заминува од гигантот.
„Добро размислив пред да дојдам да работам како помошник. Знаев дека ова е посебна шанса за мене. Имам јасни амбиции и би сакал еден ден да бидам главен тренер на клубот, но тоа не е сега“, кажа Ван Нистелрој.
Аморим ќе го преземе кормилото од Ван Нистелрој на 11 ноември.