Крвнички старт на фудбалер на Монако – со маегери удар со копачките по вратот на ривалот (ВИДЕО)
Тој во второто полувреме направи брутален прекршок, кога со маегери удри со копачките директно во вратот на противникот. Судијата без двоумење му покажа директен црвен картон, оставајќи го Монако со играч помалку и практично без шанси за пресврт. Лион до тој момент веќе имаше предност благодарение на двата погодоци на Павел Шулц, додека Кулибали претходно успеа да израмни во финишот на првото полувреме. Но, по исклучувањето, отпорот на домаќините целосно се распадна.
Со играч повеќе, гостите рутински ја контролираа играта и ја потврдија победата во 79. минута преку Карлос Винисиус, по асистенција на Николас Таљјафико. Со овој триумф Лион се доближи на само два бода до позициите што водат во квалификациите за Лигата на шампионите, додека Монако го запиша третиот пораз по ред, а натпреварот остана засенет од еден од најопасните стартови сезонава во Лига 1.