Уште еден англиски клуб се вклучи во борба за потписот на Алегри

Поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри би можел за првпат да работи во Англија, откако за него интерес покажа Манчестер јунајтед, но и уште еден англиски клуб.

Иако англиските медиуми шпекулираа дека Алегри ќе го преземе Јунајтед, сепак се појави информација дека Евертон планира да им ги расипе плановите на „ѓаволите“.

„Карамелите“ не се задоволни од тренерот Марко Силва, па имаат намера да му дадат отказ, а токму на енгово место го посакуваат Алегри, иако такво нешто засега не е многу веројатно.

Алегри претходно го водеше Јувентус до пет титули по ред во Серија А, но откако не успеа да ја освои Лигата на шампиони, Италијанецот реши да побара нов предизвик.