Ултрасите на Наполи удрија по Елмас и другарите: Вие сте платеници! (ВИДЕО)

Најжестоките ултраси на италијански Наполи денеска ги дочекаа фудбалерите на актуелниот вицешампион, меѓу нив и макеоднскиот бисер Елиф Елмас со порака дека се платеници и дека немаат респект кон клубот, откако вистински хаос избувна под Везув после мечот со Салзбург и ремито 1-1.

Откако беше нареден „карантин“, фудбалерите по ремито со Салцбург решија да го бојкотираат истиот и да си заминат дома после тренингот вчера, па Наполи најави дека ќе ги казни за односот. Сега, поддршка од навивачите доби претседателот Аурелио Де Лаурентис, па ултрасите се свртеа против своите миленици.

Навивачите освен „платеници“, скандирале и дека „заслужуваат повеќе“, а со парола „Респект“ стоеа пред „Сан Паоло“ попладнево.

Италијанските медиуми објавија дека Де Лаурентис ќе ги продаде сите пет иницијатори на бојкотот од Мертенс, Калјехон, Инсиње, Кулибали и Алан.

Околу 500 навивачи, пак, на стадионот „Сан Паоло“ со свирежи ги дочекаа сите фудбалери на Наполи, меѓу нив и Елмас. Само малкумина од присутните ги поздравиле навивачите со аплаузи, додека сите други ги исвиркале и почнале да ги навредуваат.