Украинска Зарја го промовира засилувањето од Вардар (ФОТО)

Украинска Зарја, третопласираниот тим сезонава во силната лига на Украина и официјално денеска го промовираше своето летно засилување од Вардар, Леовигалдо Жуниор Реис Рдригес, кој доаѓа како слободен играч после хаосот кој го тресе најтрофениот македонски клуб.

Жуниор беше еден од клучните играчи на Вардар, кој изминатава сезона до прекинот на 21 меч имаше шест асистенции и пет гола и беше незаменлив во шампионскиот тим, си замина од Вардар бесплатно откако црено-црните заглавија во сериозен финансиски проблем, по што речиси комплетниот тим си оди од македонската гордост.

Бразилецот беше еден од двајцата странци во младиот шампионски тим на црвено-црните заедно со староседелецот Евгениј Новак, чиј договор истече и според најавите ќе се врати во татковината. Жуниор потпиша двегодишен договор, а во Македонија прво играше за „лавовите“ од Ѓорче Петров, пред да дојде ланското лето во Вардар.

Жуниор е првиот фудбалер од шампионскиот тим на црвено-црните кој има потврден клуб, додека за останатите клучни фудбалери од тимот засега сите трансфери се во најава или пред реализација.