
УЕФА пак ја „чешла“ Барса: Сериозна казна му се заканува на каталонскиот клуб
Фактот дека станува збор за повторување на прекршокот ги става „кааталонците“ во опасност од сериозна казна за кршење на правилата за финансиски фер-плеј (FFP) кои важат во Европа под покровителство на организацијата предводена од Чеферин. Челзи и Астон Вила исто така се во прекршок, но за првпат, што би ги ублажило нивните потенцијални казни. УЕФА досега одби да коментира за ова прашање, но рече дека официјално соопштение ќе има во наредните недели. Управното тело на фудбалот секогаш објавува детали за клубовите кои ги прекршуваат правилата, а ова треба да се случи и со Челзи, Астон Вила и Барселона.
Во октомври, Барселона ја загуби жалбата во Арбитражниот суд за спорт (CAS) против казната од 500.000 евра што ја изрече УЕФА за неточно пријавување на профитот. Изјавата во тоа време гласеше: „Комитетот за лиценцирање појаснува дека таквото прекршување од страна на клубот во процесот на следење 2023-24 би претставувало повторено прекршување и ќе се реши со изрекување построга дисциплинска мерка на ФК Барселона“, пишуваше во одлуката на ЦАС.
УЕФА има воспоставена практика за тоа како да се справи со тимовите што ги кршат финансиските правила. Во повеќето случаи, идејата е да се преговара за казна со нив. Сепак, бидејќи Барселона ги крши правилата втора година по ред, клубот е изложен на повеќе од само финансиска казна. Прописите објаснуваат дека клубовите што повторно ги кршат правилата би можеле да бидат ограничени во бројот на играчи што можат да ги регистрираат во Лигата на шампионите, или дури и да им бидат одземени бодови за сезоната. Новите финансиски прописи на УЕФА имаат за цел постепено да ги намалат загубите на клубовите што се надвор од финансиска рамнотежа во период од три години.