Тухел е голем човек: На чистачка ѝ купил куќа и го платил лекувањето на синот!

На Твитер се појави приказна за Томас Тухел, кој на една жена од Филипини ѝ помогнал, а француски „РМЦ“ откри повеќе информации за потегот на германскиот тренер.

Германецот по доаѓањето во ПСЖ во 2018 година вработил една чистачка од Филипини за да му ја чисти куќата. По некое време тој и неговата сопруга станале пријатели со жената, која работела за да заработи пари за операција на нејзиниот син.

Тухел решил да ја финансира операцијата и да помогне во лекувањето на нејзиното дете, а потоа пред заминувањето од Париз решил да ја изненади и со куќа.

Германецот во текот на кариерата ги предводеше Мајнц, Дортмунд и ПСЖ, додека сега е на кормилото на Челси со кој ја освои Лигата на шампиони и европскиот Суперкуп.