Тричковски ја доби наградата за најдобар стрелец во Кипар (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски е еден од најдобрите фудбалери на АЕК Ларнака, а тоа го докажува веќе неколку години на фудбалските терени во Кипар.

Тричковски минатата сезона беше одличен во дресот на АЕК и постигна 20 голови во кипарскиот шампион, а денеска ја доби наградата за најдобар стрелец на церемонијата организирана од Здружението на спортки новинари.

Нашиот напаѓач и сезонава е одличен во дресот на кипарскиот тим, откако постигна 13 голови.