Тренингот на Лампард го прекина полицијата поради - шпион!?

Тренингот на Дерби беше прекинат, откако тренерот Френк Лампард ги запрел фудбалерите веднаш што забележал шпион.

Еден човек стоел покрај комбе со двоглед, а сомнителното лице го забележале и некои од вработените во клубот, па повикале полицијата.

Постојат две верзии за шпионот, односно таа пострашната дека било нешто повеќе од фудбалска шпионажа, односно било поврзано со тероризам.

А, втората е дека Марсело Биелса пред вечерашниот дуел на Лидс со Дерби сакал да знае што му подготвува Лампард.

Во секој случај, потрагата продолжува, па многу работи ќе бидат познати во текот на денот, а Деби се заблагодари на брзата реакција на полицијата.