Тренерот на Интер бесен: Конте го пцуеше судијата, па доби - црвен картон (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер не го искористија киксот на градскиот ривал Милан, кој дома загуби од Аталанта (0-3), за да се вратат на врвот од табелата во Серија А, откако одиграа само 0-0 на гостувањето кај Удинезе.

Немоќта на сопствените фудбалери, како и константното „крадење“ време од страна на противникот го фрустрира тренерот на „нераѕурите“, Антонио Конте, кој во финишот ептен збесна, по што доби црвен картон.

Италијанскиот стратег „експлодира“ кога виде дека судијата го продолжи мечот за „само“ четири минути, што беше премалку според него со оглед на многуте лежења и барање помош поради наводни повреди на домашните фудбалери. Конте за тоа доби жолт картон, но наместо да се смири почна за цел глас да го пцуе делителот на правдата, по што беше испратен во соблекувалната.

Инцидентот со Конте може да го погледнете ТУКА.