
Тренерот на Ајакс се „утепа“ од плачење по загубената титула, па си поднесе оставка (ВИДЕО)
Тимот од Амстердам имаше девет бодови предност на пет кола пред крајот, но ПСВ успеа да го сврти резултатот во своја корист. Ајакс потоа врза четири натпревари без победа, а клучниот удар дојде против Гронингем, кога прими гол во 99. минута и одигра само нерешено. Победата над Твенте во последното коло беше недоволна – ПСВ ја освои титулата со еден бод повеќе, поради што италијанскиот стратег на крајот се „утепа“ од плачење поради пропуштената шанса.
Клубот официјално објави дека Фариоли, иако имал договор до јуни 2027 година, решил да си замине поради „различни визии“ со раководството.
„Моето патување со Ајакс започна со амбиција и посветеност да го вратиме клубот таму каде што му е местото – во Лигата на шампиони. Беше чест да бидам првиот италијански тренер во историјата на овој клуб и прв странец по 1998 година“, рече Фариоли
Тој им се заблагодари на навивачите за поддршката и ја опиша сезоната како емотивна и интензивна. И покрај разочарувањето на крајот, посочи дека чувствува гордост за сработеното и за вербата што ја делел со тимот. Фариоли заминува со став дека „ова е најдобриот момент патиштата да се разделат,“ но остава отворена можност за нов предизвик, по една бурна и незаборавна сезона во холандската елита.