Требаше да биде новиот Роналдо, но кариерата ќе ја продолжи во С. Арабија

Витор Роке пристигна во Барселона во јануари и го најавија како новиот Роналдо Назарио, но тој во каталонскиот гигант не покажа ништо посебно и затоа би можел да замине од клубот.

Роке пристигна за 40 милиони евра од Атлетико Паранаенсе, но наскоро би можел да се пресели во редовите на Ал-Хилал.

Барселона е отворена за негова продажба, но последниот збор ќе го има младиот напаѓач кој минатата сезона настапи на 16 меча, односно одигра 353 минути и постигна два гола.