Трапановски шоу во Лига купот на Шкотска - две асистенции и гол (ВИДЕО)

Повремениот македонски репрезентативец Кристијан Трапановски игра одличен натпревар во шкотскиот Лига куп.

Данди Јунајтед, чиј фудбалер е Трапановски од неодамна, води со 3-0 против Стенхаусмур, а нашиот фудбалер е во центарот на вниманието. Во првото полувреме им асистираше на Мулт и Галагер за првите два гола на Данди Јунајтед, а во 47. минута погоди за 3-0.

Стартер во тимот е вториот македонски репрезентативец Давид Бабунски кој денеска официјално беше претставен како нов играч на Данди Јунајтед.