Каталонија ја погоди најтешкиот земјотрес после официјалната објава на гордоста Барселона дека најголемото име што некогаш играло за овој великан Лионел Меси нема повеќе да биде дел од клубот, откако овој гигант поради „финансиски и структурни пречки“ не може да го регистрира Аргентинецот откако беше постигнат начелен договор.

Навивачите на Барса не може ни да се помират, ни да се соземат со реалноста дека Меси повеќе нема да биде фудбалер на нивниот миленик, па синоќа се собраа пред „Камп Ноу“, а солзите се лееа по нивните лица.

Еден од навивачите не можеше да се соземе пред капиите на стадионот, клечејќи и плачејќи со дресот на Меси, кои остави таков силен белег и бројки што веројатно никој во иднина нема да може да ги достигне.

\