Торино нема да го задржи Елмас - прескап им е!

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас прикажува одлични игри за Торино, но овој клуб нема намера да го откупи за сумата која ја бара Лајпциг.

Елмас веднаш стана еден од најдобрите во составот на Торино и се избори за стандардно место во првиот тим. Често игра по 90 минути, го доби тоа што го сакаше, но нејасно е каде ќе настапува следната сезона.

Во договорот за позајмица меѓу Торино и Лајпциг, има клаузула според која македонскиот фудбалер може целосно да биде откупен за 17 милиони евра.

Оваа сума е превисока за Торино кој нема намера да плати. Тие сакаат да го задржат Елмас, но само доколку Лајпциг им даде попуст, а германскиот клуб нема намера тоа да го направи.

Интерес за Елмас има и од други италијански клубови, а неодамна се шпекулира дека и Ајкас го посакува нашиот фудбалер.

Поради големиот интерес, Лајпциг смета дека најмалку што може е да го продаде за 17 милиони евра колку што му побара на Торино.