Тер Штеген мора на операција, Барселона ќе остане без првиот голман

Германскиот голман, Марк Андре Тер Штеген ќе биде во аут во наредните неколку недели поради операција за да ја санира повредата на грбот, неизвесен е за осминафиналето од Лигата на шампионите.

Во наредните денови врз Тер Штеген ќе биде извршена операција за санација на повредата која ја има на грбот.

Тој ќе биде неколку недели надвор од теренот, со сигурност ќе го пропушти Суперкупот кој е во јануари, а неизвесен ќе биде и за осминафиналето од Лигата на шампионите кое се игра на 13-14 и 20-21 февруари.