Тер Штеген ги пакува куферите: Барселона договори нов голман!

Шпанскиот шампион Барселона ја активира откупната клаузула на Жоан Гарсија во договорот со Еспањол од 25 милиони евра, што значи дека каталонскиот тим ќе има нов голман од следната сезона.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Барселона ќе ја исплати сумата во текот на следната недела и ќе го промовира новиот чувар на мрежата, кој ќе потпише петгодишен договор.

Марк-Андре Тер Штеген претходно кажа дека сака да остане во Каталонија, но доаѓањето на Гарсија ќе значи негово заминување.

Гарсија треба да биде прв голман на Барселона од следната сезона, додека Војчех Шчесни ќе чека шанса од клупата за резерви.

Фото: Facebook/RCD Espanyol de Barcelona