Тензии во Аталанта: Лукман му одговори на Гасперини

Eкипата на Аталанта вчера беше елиминирана од Клуб Бриж, а по натпреварот внимание привлече изјавата на тренерот Џанпјеро Гасперини кој јавно го критикуваше напаѓачот Адемола Лукман.

Гасперини изјави дека Лукман не требало да го изведе досудениот пенал за Аталанта нагласувајќи дека тој е најлошиот изведувач. Напаѓачот набрзо му одговори на својот тренер признавајќи дека е навреден од односнот кој за него е непочитување.

„Не сум среќен што морам да се огласам на ваква тема, најмногу поради тоа што го постигнавме заедно како тим и град. Не само што сум повреден, туку чувствувам и непочитување кон мене, а работам напорно и посветено, секогаш давам се од себе за да донесам успех. За време на натпреварот одредениот изведувач на пенали ми кажа да го изведам пенал и јас ја преземав одговорност. Таков е фудбалот и животот, полн со предизвици и претворање на болка во моќ, ќе продолжам да го правам истото“, изјави Лукман.