Тен Хаг ќе прави чистка во Јунајтед, дури девет фудбалери одат на продажба

Манчестер јунајтед прави распродажба на своите фудбалери, дури девет играчи се на списокот за заминување.

Раководството на Јунајтед реши да му го продолжи договорот на Тен Хаг и да му го донесе Ван Нистелрој за помошник.

Холандскиот стратег сака да се ослободи од дури девет играчи ова лето.

Како што пренесува „МЕН“, на продажба одат Мејсон Гринвуд, Џејдон Санчо, Арон ван Бисака, Виктор Линделоф, Касемиро, Ханибал Меџбри, Дони ван де Бек, Факундо Пелистри и Кристијан Ериксен.