
Тен Хаг изненаден од отказот: Сите клубови што имаа доверба во мене, освојуваа трофеи
Во нив, актуелниот вицешампион освои само еден бод, но и покрај тоа светската фудбалска јавност е изненадена од ваквата одлука. Најизненаден е самиот Тен Хаг кој остро го нападна раководството на Баер за одлуката.
„Одлуката на Баер да ме отпушти дојде како целосно изненадување. Разделбата со тренер по само два лигашки натпревари е без преседан. Чувствувам дека нашиот однос никогаш не бил изграден врз меѓусебна доверба. Во текот на летото голем број важни фудбалери си заминаа од Баер, а изградбата на нова екипа е внимателен процес кој бара време и доверба. Новиот тренер заслужува период да ја имплементира својата визија, да постави стандард и да ја доведе во форма екипата, а потоа да остави трага со стилот на игра.
Во текот на мојата кариера, секоја сезона што успеав да ја завршам беше успешна, а клубовите што ми веруваа беа наградени со трофеи. Би сакал да им се заблагодарам на навивачите на Баер за нивната топлина и страст, а исто така им посакувам на тимот и клубот успех во остатокот од сезоната“, рече Тен Хаг.
Засега не е познато кој ќе го замени Холанѓанецот на клупата, како и тоа каде тој евентуално би ја продолжил тренерската кариера.