Најдобриот кошаркар на Литванија поради повреда го заврши Евробаскетот (ВИДЕО)

Литванија се соочува со големи проблеми пред продолжение на Евробаскетот, откако нивниот најдобар кошаркар Рокас Јокубаитис се здоби со тешка повреда на коленото во триумфот против Финска.

Деталните медицински прегледи покажаа дека Јокубаитис се здобил со една од најтешките повреди во светот на спортот, односно ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото, а го оштетил и менискусот.

Јокубаитис во досегашниот дел од Евробаскетот во просек постигнуваше по 17,3 поени, 2,5 скокови и 8,5 асистенции по натпревар.