Сусо оди во Рома, Милан добива двајца фудбалери и пари

Сусо Фернандез повеќе нема иднина во Милан, откако лошата форма од лани ја продолжи и сезонава. 

Шпанецот е пред преселба во редовите на Рома, која во Милано ќе испрати двајца фудбалери Џенгис Ундер и Жуан Жесус и плус 10 милиони евра. Трансферот на Матео Политано од Интер пропадна, па „волчицата“ сега се врти кон Сусо.

„Росонерите“ прават реконструкција на тимот оваа зима, а Шпанецот е прв на излезна врата по очајните игри. Навивачите на „Сан Сиро“ во средата го поздравија со свирежи.