Судијата кој му покажа црвен картон на Белингем ги исклучи коментарите на Инстаграм

Судијата Хозе Луиз Муниер Монтеро кој го исклучи Џуд Белингем во натпреварот помеѓу Осасуна и Реал Мадрид ги исклучи коментарите на неговите фотографии на Инстаграм бидејќи почнал да добива сериозни закани по неговиот живот.

Натпреварот на крајот заврши 1-1, а головитеги постигнаа Килијан Мбапе за Реал Мадрид и Анте Будимир за Осасуна.

Англискиот репрезентативец беше исклучен поради пцовка кон главниот судија, а по натпреварот тој тврдеше дека не бил разбран и дека неговите зборови не биле упатени за судијата.

Црвениот картон за Белингем ги налути навивачите на Реал Мадрид бидејќи сметаат дека Монтеро намерно ги оштетил. Некои од нив отидоа и предалеку, па преку социјалните мрежи му испраќаа смртни закани.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека на Инстаграм искусниот судија добил голем број вербални напади, па поради тоа тој се одлучил да ја исклучи можноста за коментирање.