Стигна во Рома како големо засилување, а по шест месеци реши да замине од Рим!?

Рома летоска го ангажираше Хавиер Пасторе како едно од најголемите летни засилувања, но тој не ги задоволи нивните барања и целосно разочара.

Пасторе имаше големи проблеми со подготовките и со повреди, па поради тоа постои можност Пасторе да си замине уште во јануари.

За неговите услуги се заинтересирани неколку клубови од Кина, а тоа се Шангај СИПГ и Пекинг Гуан.

Исто така и неколку клубови од Европа покажаа интерес за него, но очигледно 29-годишниот Аргентинец не е во состојба да игра квалитетен фудбал.