Стерлинг нема долго да биде слободен - го сакаат седум клубови од ЛШ!?
Стерлинг беше исклучен од првиот тим уште кај тренерот Енцо Мареска, а не доби шанса ниту кај Лијам Росениор, па поради тоа „сините“ и фудбалерот се договорија за разделба.
Негова желба е да остане во Англија, а „Скај Спортс“ пишува дека за Стерлинг се заинтересирани дури седум екипи кои се натпреваруваат во Лигата на шампиони (ЛШ).
Дури седум екипи го контактирале Стерлинг, кој наскоро треба да одлучи чиј дрес ќе го носи во иднина, откако претходно играше за Манчестер сити, Ливерпул, Арсенал и Челси.