Димитријевиќ двоцифрен во уште една голема победа на Баерн Минхен!
„Баварците“ ја контролираа играта против една од водечките екипи на табелата и рутински стигнаа до нови бодови, потврдувајќи ја добрата форма во елитното натпреварување. Димитријевиќ го одигра третото последователно коло со двоцифрен поентерски учинок, постигнувајќи 11 поени, со еден скок и една асистенција. Најефикасен во редовите на Баерн беше Мајк со 16 поени, додека кај Хапоел најмногу се истакна Мициќ со 13 поени.
Во дербито на вечерта, Фенербахче убедливо го совлада Анадолу Ефес со 79-62 и се искачи на првото место на табелата. Хортон-Такер блескаше со 22 поени, а искусниот Де Коло додаде 12, додека кај Ефес, Ли заврши со 19 поени. Победа запиша и Олимпијакос, кој пред својата публика беше подобар од Барселона со 82-72. Лидер на тимот од Пиреја беше Александар Везенков со дабл-дабл учинок од 20 поени и 11 скока, додека кај Каталонците најрасположен беше Пантер со 15 поени.