Нашиот Шошкиќ повторно најефикасен во уште една голема победа на Стоун Брук (ВИДЕО)

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Андреј Шошкиќ, продолжува со одличните партии во НЦАА, а неговиот Стоун Брук се наоѓа во фантастична форма, откако славеа на гостувањето кај Кембел (81-69) и ја продолжија победничката серија.

Македонецот повторно беше меѓу клучните играчи, завршувајќи го натпреварот како најефикасен во тимот, заедно со Прат, со по 19 постигнати поени. Македонскиот плејмејкер погоди три од четири обиди за тројка, а најголем дел од поентерскиот учинок го оствари уште во првото полувреме, кога реализира 14 поени. За Шошкиќ ова беше четврти натпревар во низа со двоцифрен број поени, а уште поважно – неговиот тим победи на сите четири средби, што претставува нивна најдолга победничка серија оваа сезона во НЦАА.

Стоун Брук сега дојде до скор 13-9, односно 5-4 во рамки на конференциските натпревари, со што првпат сезонава има позитивен биланс, во ситуација кога до крајот на регуларниот дел од сезоната го очекуваат уште девет натпревари.