Барселона договори засилувања од Ал Ахли - доаѓа 18-годишен талент на позајмица!

Каталонскиот гигант Барселона мисли на својата иднина и реши да ангажира уште еден талентиран фудбалер, а станува збор за Хамза Абделкарим.

Абделкарим има само 18 години, а во Барселона доаѓа на позајмица од Ал Ахли, со тоа што каталонскиот тим има шанса да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната.

Хамза ќе се пресели во вториот тим на Барселона, каде што ќе треба да се прилагоди и потоа се очекува да биде промовиран во првата екипа.