Станковиќ со предлог до Мурињо: Мора да го купиш зашто е еден од најдобрите!

Медиумите од соседството откриваат дека Дејан Станковиќ имал совет за ново засилување до тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо.

Јунајтед не игра како што посакуваат управата и навивачите, па „црвените ѓаволи“ ќе мора да се засилуваат во јануари, а наводно Станковиќ го советувал Мурињо да го купи Никола Миленковиќ.

„Јунајтед мора да го купи Миленковиќ, тој е вистински наследник на Немања Видиќ и најдобар стопер кој го имала Србија по Видиќ“, кажа легендарниот Станковиќ.

Наводно, Јунајтед е подготвен да понуди 60 милиони евра за дефанзивецот и да го ангажира во јануари, но ќе видиме дали Фиорентина ќе ја прифати нивната понуда.