Спинацола и Патрисио заминаа од Рома!

Бекот Леонардо Спинацола и голманот Руи Патрисио денеска испратија пораки за збогум со Рома, двајцата заминуваат како слободни фудбалери.

Спинацола по пет години во Рома си заминува од клубот откако не успеа да се договори за продолжување на соработката. Се шпекулира дека Наполи може да биде неговата следна дестинација.

Од Рома се збогуваше и голманот Руи Патрисио кој помина три години во римската волчица. Нејасно е кој ќе биде следниот клуб на португалскиот голман кој во моментов е дел од составот на Португалија на Европското првенство.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Rui Patricio (@rpatricio1)