Спектакл во најава: Реал Мадрид ќе игра пријателски меч против Бразил

Шпанскиот гигант Реал Мадрид треба да одигра пријателски натпревар против Бразил, но засега не е објавен терминот за спектаклот.

Реал Мадрид, Карло Анчелоти и Бразил наводно се договориле да се одигра меѓусебен меч затоа што „кралевите“ му дозволуваат на Италијанецот да го преземе кормилото на репрезентацијата.

„Релево“ објави дека натпреварот треба да се одигра ова лето, но засега не се споменува точен датум.

„Кралскиот клуб“ има разочарувачка сезона зад себе затоа што ја изгуби трката за сите титули од Барселона во Шпанија.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.