Спектакл во Минхен: Баерн и Борусија си поделија по еден бод (ВИДЕО)

Дербито меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд заврши без победник (2-2) во 29. коло од германската Бундеслига.

Првото полувреме во Минхен помина со многу шанси на Баерн, меѓутоа ниту еден погодок од двете екипи (0-0) за во вториот дел конечно да проработат нападите на тимовите и да бидат постигнати четири голови.

„Милионерите“ први зададоа удар во 48. минута за предност од 1-0, но потоа баварскиот гигант во само четири минути со головите на Гереро и Гнабри направија целосен пресврт.

Дортмунд не се предаде и во финишот успеа да погоди преку Антон за конечни 2-2 и двата тима си поделија по еден бод.

Баерн е лидер на првата позиција со 69 бодови, по што следи Баер Леверкузен со 63 поени, додека Дортмунд е на осмото место со 42 бода.

Фото: EPA PHOTO