Спас во последен час: Нианг со гол во 93. минута го остави Емполи во Серија А (ВИДЕО)

Екипата на Емполи и идната сезона ќе настапува во елитната конкуренција од италијанскиот фудбал откако во клучниот меч за опстанок ја победи Рома со 2-1.

До 93. минута, Емполи беше „испаднат“ бидејќи резултатот беше 1-1, а еден бод не му беше доволен. Сепак, во третата минута од судиското продолжение, Мбаје Нианг искористи една ситуација во противничкиот шеснаесетник и со прецизен удар го совлада противничкиот голман за спас на неговиот тим. Победата над Рома предизвика огромна еуфорија кај навивачите кои по последниот свиреж на судијата масовно влетаа на теренот да го прослават триумфот со своите фудбалери.

Во Серија Б, покрај одамна испаднатите Салернитана и Сасуоло, се сели и Фрозиноне којкој во директниот дуел загуби на домашен терен од Удинезе со 0-1.