Солшер брка тројца фудбалери од Јунајтед, едното име е големо изненадување!

Оле Гунар Солшер е спремен целосно да го промени тимот за наредната сезона. Откако е повеќе од јасно дека Норвежанецот ќе добие пернаментен договор со клубот, веќе започнал преговори за изгледот на тимот за идната сезона.

Солшер во разговор со раководните лица на клубот, донел одлука тимот да го напуштат Маркос Рохо, Антонио Валенсија и Алексис Санчез. Наједноставна е ситуацијата со Рохо, дефанзивецот од Аргентина никако не се вклопува во плановите на Норвежанецот, па и тој самиот нема ништо против да го напушти Манчестер.

Уште од поодамна е познато дека Јунајтед одлучи да не му го продолжи договорот на Валенсија кој му завршува на крајот од сезоната. Солшер јавно му се заблагодари за сето што досега го направи за тимот, а големи се шансите бекот да потпише договор со некој премиерлигашки тим.

Најголем проблем „црвени ѓаволите“ имаат со Алексис Санчез кој зема убедливо најголема плата во тимот, а не допринесува ништо на теренот. Главен проблем за неговиот трансфер е тоа што е тешко да се пронајде клуб кој би ја прифатил платата на Чилеанецот.