„Со Солшер се е поинаку, знае како да ни ја врати самодовербата“

Со доаѓањето на Оле Гунар Солшер многу работи се променија во редовите на манчестер Јунајтед, а тоа го потврди и левиот бек Лук Шо, кој изјави дека новиот кормилар ја оживеал неговата кариера.

Бекот објасни дека за него е многу важно што тренерот има доверба во него, бидејќи само така тој лесно може да го покаже најдоброто на терен.

Солшер ми помогна многу во самодовербата на терен, но уште поважен беше неговиот став надвор од него, начинот на кој им помага на играчите. Тој знае што ни треба. Имав две тешки години пред да дојде. Мислам дека знаеше што ми треба и детално ме насочи кон тоа. Очигледно верува во мене и постојано ми го кажува тоа. На секој играч му е потребна самодоверба, и што е подобро од тоа тренерот да ти верува, истакна Шо.

Фудбалерот потоа продолжи да го фали менаџерот за сите промени што ги направил од доаѓањето на „Олд Трафорд“.

Во моментов сум во одлично расположение и ова трае веќе некое време. Видов многу промени од кога сум во Јунајтед и морам да кажам дека Оле е виновен за многу подобрувања овде. Кога дојде, знаеше што треба да се направи, да се промени за да можат работите повторно да тргнат. Тој привлече не само добри играчи, туку и добри луѓе. Тие многу добро се интегрираа во тимот и донесоа повеќе енергија и единство, рече дефанзивецот.