Снегот направи хаос во Минхен: Откажан дуелот помеѓу Баерн и Унион Берлин!

Големините снежни врнежи во Германија, кои најмногу ја погодија Баварија, е причината поради што е одложен денешниот бундеслигашки натпревар помеѓу Баерн Минхен и Унион Берлин.

Во овој дел од државата за нецели 12 часа падна скоро половина метар снег, што донесе големи проблеми за актуелниот шампион, кој не можеше да гарантира дека „Алијанџ арената“ ќе биде целосно исчистена и подготвена за фудбалска пресметка.

Дополнителна причина за ваквата одлука е што во Минхен во прекин е и јавниот превоз, поради што за голем дел од навивачите би било невозможно да дојдат до стадионот во овој град.