Сколс: Баш ме заболе за коментарите на Мурињо!

Пол Сколс вчера и официјално беше промовиран за нов тренер на англискиот четвртолигаш, Олдам. Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед бурно ја следеше ерата на Мурињо во Јунајтед, тој константно ги критикуваше неговите резултати, па сега може да се очекува противодговор.

Легендардниот фудбалер е свесен дека неговата работа во Олдам ќе биде под будно око на Мурињ, кој сега и онака ќе води емисија каде ќе коментира за фудбалските настани ширум светот.

„ Мислам дека Мурињо ќе обрнува внимание на моите резултати. Не сум сигурен дека ќе ги гледа натпреварите. Во секој случај, навистина сакав да бидам тренер“, започна Сколс.


Поранешниот англиски репрезентативец сепак потенцира дека нема да го засегаат коментарите од Мурињо.

„ И јас бев поприлично критички настроен кон него. Не мислам дека многу луѓе ќе ја коментираат мојата работа, но ако почнеме да губиме, секако дека ќе има такви. Можат да кажат што сакаат. Никогаш немам сфатено зошто играчите и тренерите се грижат за тоа што коментарите зборуваат. Тие само го изразуваат своето мислење за играта, затоа се платени. Ако некој сака да ме критикува, нема да му обраќам внимание. Ќе му одговарам само на газдата на клубот.  А, за Мурињо, баш ме заболе што ќе коментира“, заврши Сколс. 

Сколс денеска ќе дeбитира на клупата на Олдам, на домашен терен ќе го пречекаат Јеовил.