Скандал го тресе Островот: Фудбалер на Саутемптон бил корона-позитивен, а играл со Ливерпул

Голем скандал го тресе Островот и тоа во ек кога бројките на заразени во Премиерлигата се многу загриужувачки и рекордни, откако англиските медиуми објавија дека ѕвезда на Саутемптон пред 10 дена играл против актуелниот првак Ливерпул, иако бил позитивен на коронавирус.

Дени Ингс, еден од најдобрите играчи на Саутемптон беше стрелец на победничкиот гол против „црвените“, но сега после десет дена од тој меч е објавено дека многу веројатно е дека настапувал заразен од ковид-19, зашто наодите на тоа упатувале, а стигнале денеска со резултатите.

Сериозно прашање е како Ингс успеал да игра ако бил заразен, зашто во Премиерлигата двапати неделно се врши тестирање на ковид-19 со цел да се избегне ширење на заразата, но откако се појави во Велика Британија мутираниот сој на ковид-19, многу експерти и лекари посочија дека оваа мутација успева да се „скрие“, па на ПЦР-тестирањата, резултатите да се негативни, иако вирусот го има заразеното лице и може да го шири.

Стравувањата се дека настапот на Ингс може да направи сериозни проблеми со ширење на заразата, иако барем досега никој не пријавил симптоми од двата тима, ниту пак имале позитивен случај на ковид-19.