Сити сака Гвардиола да потпише нов договор, но Пеп има други планови

Манчестер Сити испиша историја оваа сезона откако стана првиот клуб во Англија кој четирипати едноподруго стана шампион.

Раководството на Манчестер Сити сака Пеп Гвардиола да потпише нов договор со клубот и да ги води и во наредните години.

Но, според „Дејли Мејл“, Пеп Гвардиола е решен да ги испочитува актуелниот договор и да замине од клубот, нема намера да потпише нов.

Тоа значи дека ќе биде тренер на Манчестер Сити и наредната сезона, а потоа ќе го напушти клубот.