Сити најде идеална замена за Де Брујне, ќе понуди 100 милиони фунти!

Кевин де Брујне заминува од Манчестер Сити по крајот на оваа сезона, а клубот нема да штеди за да донесе соодветна замена за него.

Изборот паднал на Флоријан Вирц од Баер Леверкузен. Тој е најдобриот играч на актуелниот германски шампион и се чини како соодветна замена за Де Брујне.

Но, проблемот е што и други клубови се заинтересирани за него, па Манчестер Сити можеби ќе треба да даде и повеќе од 100 милиони.

Како најсилна конкуренција се споменува Баерн Минхен, а претходно Вирц се поврзуваше и со Реал Мадрид.

Фото: EPA Photo