Сити ита кон рекордите во Премиерлигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер сити забележаа уште една висока победа, откако попладнево го прегазија Свонси со 5-0.

Новиот шампион прикажа уште една маестрална партија и уште еднаш потврди дека сосема заслужено сезонава е најдобриот тим во Англија.

Доволен факт за тимската игра на тимот на Гвардиола е фактот дека сите пет гола ги постигнаа различни играчи, а голеадата ја отвори Давид Силва во 12-та минута. Потоа мрежата на гостинот ја тресеа Стерлинг, Де Брујне, Бернардо Силва и Габриел Хесус.

Со новата победа, Сити ги брка рекордите на Челси по број на победи во една сезона и по број на дадени голови, а атакува и да стане прв тим со 100 бода