Синот на Ибрахимовиќ стана репрезентативец!

Максимилијан Ибрахимовиќ, 18-годишниот син на Златан доби повик од шведската јуниорска репрезентација.

Младиот напаѓач ова лето го потпиша првиот професионален договор со Милан, тој игра во младинскиот тим на росонерите.

„Одлично тргна со Примавера тимот на Милан. Ова е добра можност да го видиме и кај нас“, рече селекторот на јуниорската репрезентација на Шведска, Андреас Петерсон.

Младите Швеѓани играат две пријателски меча, против Јапонија и САД.