Ван Нистелрој му работи зад грб на Тен Хаг!?

Поранешниот дефанзивец на Арсенал, Мартин Кион е убеден дека Руд ван Нистелрој не го дава максимумот како помошник на Ерик тен Хаг и чека да го преземе неговото место.

Тен Хаг е на излезна врата од Манчестер јунајтед, само прашање на време е кога ќе добие отказ.

Се шпекулира дека Јунајтед нема веднаш да бара негов наследник туку прво ќе му даде шанса на Руд ван Нистелрој кој пред да дојде како помошник на Тен Хаг имаше понуда да биде прв тренер на Барнли, но ја одби.

Кион смета дека Ван Нистелрој намерно не го дава максимумот како помошник со цел Тен Хаг побрзо да добие отказ и тој да го наследи.

„Гледајќи го Ван Нистерлој покрај аут линијата ми изгледа дека не го дава својот максмум за својот тренер. Ми изгледа како само да стои сам на страна и чека шанса да го преземе тимот. Скоро и да немаат комуникација со Тен Хаг, погледнете ја само разликата со Пеп Гвардиола и неговите помошници. Исто така мој впечаток е и дека фудбалерите не го даваат максимумот на теренот“, изјави Кион.