Де Јонг по пауза од пет месеци се врати во составот на Барселона
Де Јонг доби „зелено светло“ од медицинскиот тим на Барселона и по пет месеци повторно се најде во составот на каталонскиот гигант.
Тренерот Ханси Флик го најави враќањето на Де Јонг уште на вчерашната прес-конференција, а потврда стигна и на социјалните мрежи на Барселона.
Холанѓанецот се повреди на мечот против Реал Мадрид на 21 април годинава и долго време беше надвор од терените.