Чудна трансфер стратегија на Реал - носи играчи на исти позиции како лани
Заедничко за четворицата е тоа што се совпаѓаат со некои од засилувањата што мадридскиот клуб ги ангажираше минатата година. Познато е дека ни навивачите, ни стручњаците во Реал не беа задоволни од нивните игри, но со оглед на тоа колку пари беа потрошени за нив, се очекуваше да им биде дадена уште една шанса. Марк Кукуреља, на пример, дојде за 55 милиони евра плус бонуси, а треба да ја покрие левата бековска позиција каде лани беше донесен Алваро Карерас за 50 милиони евра.
Бернардо Силва треба да ја покрие грешката направена со Мастантуоно бидејќи може да игра и како плејмејкер и како крило, а доаѓа како слободен играч, што значи без отштета, но со големи лични бонуси. Истото важи за Ибраима Конате од Ливерпул кој ќе ја засили последната одбранбена линија каде лани беше донесен Дин Хујсен за речиси 60 милиони евра, а чуден е овој потег ако се знае дека и Ридигер го продолжи договорот со клубот и ќе остане најмалку една сезона. Реал брка уште еден стопер и тоа Алесандро Бастони за кого беше заинтересирана и Барселона и ако го донесе, заедно со Едер Милитао и Раул Асенсио, ќе има цела армија дефанзивци.
Единствената позиција на која лани беше донесен играч, а требаше да се засили и летово е десната бековска. Минатото лето дојде Трент Александер Арнолд од Ливерпул, но неодамна Карвахал објави дека си заминува, па за 25 милиони евра ќе дојде Дензел Думфрис од Интер.