Панчев им кажа на Италијанците: Немам дилема за вечер, ќе навивам за - Црвена звезда!
Како најава за натпреварот, Дарко Панчев даде интервју за „Газета дело Спорт“.
Панчев е голема легенда на Црвена звезда, а во Интер имаше само епизодна улога, беше донесен како големо засилување, но замина како разочарување.
„Јасно е за кого ќе навивам. Црвена Звезда, како и Вардар каде што пораснав за мене значат се. Не само во фудбалот, туку и во животот. Звезда ме научи како да постојам во овој свет“, започна Панчев.
Панчев вели дека не му е лут на Интер, но го искритикува тогашното раководство на клубот и вели дека бил саботиран.
„Не сум огорчен или лут. Интер е голем клуб кој заслужува почит. Бил институција, сега е и секогаш ќе биде без разлика на се. Не би сакал да именувам луѓе, но ме саботираа луѓе од клубот. Во клубот тогаш имаше директори на високи позиции кои не си ја работеа работата како што треба. Не платив само јас, плати целиот клуб. Погледнете колку години им беа потребни да се вратат на врвот. Морати мораше да чека 15 години пред да ја промени комплетната организација и таа лоша атмосфера“.